
Бурата околу исклучувањето на Џуда Белингем од саботниот натпревар во Памплона меѓу Осасуна и Реал Мадрид достигнува кулминација овие денови, откако беше покрената истрага која ќе ги утврди сите детали во врска со случајот кој предизвика огромен правен облак на Пиринејскиот полуостров.
Судијата Хосе Луис Мунера Монтеро трпи огромни притисоци од јавноста откако во завршницата на првото полувреме предвреме го испрати асот на Реал во соблекувална.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Во меѓувреме е ставен на „ладење“ во шпанското првенство и на меѓународната сцена, а сега и самиот се огласи, првпат во јавноста по покренувањето на постапката, најавувајќи дека правдата ќе ја бара на суд.
“Последните месеци сме сведоци на почести напади врз судиите. Во оваа последна ситуација, јас бев протагонист. Компанијата „Талентус Спортс Спикерс“ нема фактурирано никаква сума на ниту еден спортски субјект од основањето, било да е клубови, сојузи или било кои други субјекти во оваа индустрија”, се наведува на почетокот на соопштението во кое судијата го дава неговото гледиште за реалноста.
Потоа најави непопуларни чекори на патот кон постигнување на правда во најпредизвикувачкиот момент во неговата кариера.
Предвидувам дека ќе спроведам соодветни кривични и граѓански постапки против медиите кои намерно или непромислено шират невистини, неточни или пристрасни информации, нанесувајќи непоправлива штета на професионалниот престиж, на мојот и на угледот на целата судиска група, како и на мојата лична приватност”, се наведува понатаму со осврт на тешката психичка состојба низ која поминува последните денови.
Целиот ден сум затворен дома. Многу е тешко. Веќе е преку секоја мерка со моето семејство. Прават шеги на сметка на членовите на мојата фамилија, а особено тешко му е на татко ми. Денес отиде во црква. Дали сме луди? Ова излегува од контрола”, заклучи Монтеро.
Да потсетиме, шпанскиот стручњак е на „ладење“ до завршувањето на процесот во кој ќе биде утврдено дали имал основи за да го исклучи Белингема кој се бранеше дека неговите зборови биле погрешно толкувани, за што потоа на конференција за медиуми зборуваше и самиот Анчелоти.