Дома Фудбал Страшна трагедија: Фудбалер пред натпревар во ЛШ дознал дека му починал синот

Страшна трагедија: Фудбалер пред натпревар во ЛШ дознал дека му починал синот

Фудбалерот на Јанг Бојс, Мешак Елија, доживеа страшна трагедија пред натпреварот од Лигата на шампионите против Штутгарт, откако доби вести за смртта на својот четиригодишен син.

Елија добил вест за смртта на едниот од синовите вечерта пред натпреварот и веднаш го напуштил тимот, додека медиумите пишуваат дека неговата сопруга со другите двајца синови отпатувала во Конго каде што се случила трагедијата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се наведува дека синот на Елија ненадејно починал по кратка болест, и дека веста ја добил додека бил во друштво на цимерот Али Камара. Потоа отишол и до останатите соиграчи кои го тешеле. Клубот во текот на вчерашниот ден издаде соопштение за јавноста:

– Мешак Елија и Јанг Бојс примија тажни вести во вторникот вечерта. Еден од синовите на Елија ненадејно почина по кратка болест. Мешак Елија ќе се врати во Берн и потоа веднаш ќе отпатува кај своето семејство. Јанг Бојс е шокиран и сака да изрази најискрено сочувство до Мешак Елија. Ќе бидеме со него и ќе го поддржуваме Мешак најдобро што можеме во овој тежок момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн пронајде идеална замена за Хари Кејн?

Баерн Минхен не може без Хари Кејн, но Англичанецот не може да игра на секој натпревар и з…