Дома Фудбал Страшна сцена: Млад фудбалер на Манчестер Јунајтед доживеа хорор повреда, натпреварот беше прекинат (Видео)

Страшна сцена: Млад фудбалер на Манчестер Јунајтед доживеа хорор повреда, натпреварот беше прекинат (Видео)

На вчерашниот натпревар од Англискиот куп за играчи до 21 година, натпреварот беше прекинат и откажан откако младиот фудбалер Секу Коне доживеа сериозна повреда и изгуби свест.

Коне, кој е член на репрезентацијата на Мали, се повреди додека настапуваше за својот Манчестер Јунајтед против екипата на Тамварт.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Натпреварот, кој се играше синоќа, беше прекинат во завршницата на првото полувреме кога Коне беше тешко повреден по судар со противнички играч и веднаш падна без свест.

Навивачите беа во шок и се молеа за младиот играч додека тој целосно изгуби свест на теренот. Брзата помош реагираше веднаш и му беше обезбеден потребен третман на самото место.

Деветнаесетгодишниот фудбалер беше изнесен со носилки и маска на лицето. Подоцна беше објавено дека натпреварот е откажан.

Среќа во несреќата, Манчестер Јунајтед издаде соопштение неколку часа по завршувањето на натпреварот, каде се потврди дека Коне е свесен и во стабилна состојба.

“Можеме да потврдиме дека Секу е свесен, стабилен и комуницира со медицинскиот тим на Јунајтед. Како превентивна мерка, тој беше префрлен во болница за понатамошни испитувања. Целиот клуб посакува брзо опоравување,” беше наведено во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети ја менува формацијата и го враќа Влаховиќ на клупата?

Лучано Спалети денес официјално ќе биде претставен како нов тренер на Јувентус, а веќе се …