Дома Фудбал Останато Страшна борба на Гого: Победи со нокаут во прва рунда! (Видео)

Страшна борба на Гого: Победи со нокаут во прва рунда! (Видео)

Македонскиот борец Гого Славески запиша уште една убедлива победа во БКФЦ (бокс со голи раце), откако со технички нокаут го совлада Џа Фар Форт уште во првата рунда.

Славески од самиот старт настапи жестоко и без двоумење ја презеде иницијативата. Рундата беше прекинувана дури четири пати, затоа што судијата процени дека противникот е во подредена позиција и на крајот пресече дека Форт не е во состојба да продолжи, со што Македонецот беше прогласен за победник.

Триумфот дојде по само една минута и 34 секунди борба – уште една демонстрација на моќта и зрелоста на Славески, кој сега има биланс од седум победи и еден пораз во БКФЦ и зад себе ја носи титулата поранешен шампион во ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нови Белград поразен на стартот на Лигата на шампиони

Нови Белград загуби од Барселонета со 15:12 во првото коло од Лигата на шампиони. …