Дома Фудбал Стерлинг кариерата може да ја продолжи во – Италија!

Стерлинг кариерата може да ја продолжи во – Италија!

Не е тајна дека Рахим Стерлинг сака да го напушти Челси, бидејќи оваа сезона не наоѓа место во екипата, а ситуацијата нема да се промени и со новиот тренер.

Има клубови кои го сакаа на позајмица до крајот на сезоната, пред сè Вест Хем и Фулам, но Стерлинг ја одби таа опција, бидејќи сака трансфер, а не само позајмица.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со приоритет му е да остане во Лондон, но доколку добие привлечна понуда, подготвен е да ја напушти и Англија, сега се појави можност ваква понуда да дојде од Наполи.

Како што известува “Кориере”, Наполи останува многу заинтересиран да го вклучи Стерлинг во својот тим, за да стане уште еден клучен играч во борбата за титулата во италијанското првенство. Тимот на Антонио Конте има добра историја на ангажирање на играчи од Премиер лигата, како што се Ангиса, Хојлунд и секако, Мектоминај.

Последниот натпревар на Стерлинг беше уште во мај, и по враќањето од Арсенал на позајмица, не заигра за сините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид води во трката за фантастичен дефанзивец – цената е 55 милиони евра

Реал Мадрид е во предност за потпишување на Нико Шлотербек, според „Билд“. На германскиот …