
Тотенхем има интерес да го доведе англискиот крилен играч Рахим Стерлинг (31) во зимскиот преоден рок, бидејќи стана слободен играч откако оваа недела го раскина договорот со Челзи, известуваат британските медиуми.
Стерлинг пристигна во Челзи во летото 2022 од Манчестер Сити во трансфер вреден 56 милиони евра. Во првите две сезони на Стамфорд Бриџ одигра 81 натпревар, постигна 19 голови и имаше 15 асистенции. Минатата сезона беше на позајмица во Арсенал, каде постигна само еден гол во 28 натпревари.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
По истекот на позајмицата, се врати во Челзи, но остана надвор од конкуренција за првиот тим. Последниот натпревар го одигра во мај минатата година додека беше на позајмица во Арсенал. Тотенхем не е единствениот клуб од Премиер лигата кој покажува интерес за Стерлинг, а заинтересирани се и градските ривали Вест Хем, Фулам и Кристал Палас.
Пред да се приклучи на Челзи, играше за Ливерпул и Манчестер Сити, а во 396 натпревари во Премиер лигата постигна 123 голови, што го прави 20-тиот најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата.