Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, си упати критика на себе по новиот пораз на тимот, овој пат од Астон Вила.
Сити забележа трет последователен неуспех во сите натпреварувања и имаат само една победа во последните 12 натпревари. Во сивилото на тимот се приклучи и Ерлинг Халанд кој, очигледно е, не е истиот напаѓач кога на теренот не се Родри и Кевин де Брујне.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Во последните три натпревари, Халанд имаше 19 додавања, немаше голови, асистенции, дриблинзи, клучни додавања, центаршутови, удари… Секоја статистичка колона е “нула”.
“Не ги реализирам шансите во кои се наоѓам. Не бев доволно добар. Пеп ја освои Премиер лигата шест од последните седум пати. Ќе најде решение, веруваме во него”, изјави Халанд меѓу другото после дуелот со Вила.
Халанд го дели првото место на листата на стрелци со Мохамед Салах. И двајцата имаат по 13 погодоци, но Египќанецот успат има девет асистенции.
.Ерлинг Халанд во последниве 3 ЦЕЛИ НАТПРЕВАРИ против Јувентус, Манчестер Јунајтед и Астон Вила ЗАЕДНО:
— TheEuropeanLad (@TheEuropeanLad) 21 декември 2024
• 19 додавање
• 0 голови
• 0 асистенции
• 0 завршени дриблинзи
• 0 клучни додавања
• 0 удари на цел
• 0 блокирани удари
• 0 удари
• 0 долги топки
• 0 центаршутови
• 0 пресекувања pic.twitter.com/51jPV9Bp3l