Дома Останати Кошарка Срушени сите рекорди: Објавени бројките од гледаноста на дебито на Дончиќ

Срушени сите рекорди: Објавени бројките од гледаноста на дебито на Дончиќ

Првиот натпревар на Лука Дончиќ во дресот на Лос Анџелес Лејкерс беше магнет за милиони љубители на кошарката покрај „малите“ екрани.

Американската мрежа ЕПСН, која го пренесуваше натпреварот помеѓу Лејкерс и Јута, соопшти дека во „пик“ моментот натпреварот го гледале 2,55 милиони луѓе, што е дури 42% повеќе од просечната гледаност на НБА натпреварите минатата сезона.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Дебито на Дончиќ донесе рекордна гледаност иако 25-годишниот Словенец влезе во игра во непопуларен термин – во понеделник по 22:30 по локално време.

Натпреварот на Лејкерс и Јута го проследија во просек 2,01 милиони луѓе, според аналитиката на компанијата „Нилсен“, и беше најгледан натпревар за машката публика на возраст од 18-34 години, 18-49 и 25-45 години.

На гледаноста не влијаеше фактот дека Лука беше на теренот 24 минути, постигна за него скромни 14 поени, ниту тоа што ја преседи последната четвртина на клупата, а самиот натпревар беше решен многу пред крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Земјотрес“ во Мадрид: Муса го напушта Реал?

Кошаркарот на Реал Мадрид Џанан Муса би можел да го напушти шпанскиот тим летово. Кошаркар…