![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/doncic1-850x491.jpg)
Првиот натпревар на Лука Дончиќ во дресот на Лос Анџелес Лејкерс беше магнет за милиони љубители на кошарката покрај „малите“ екрани.
Американската мрежа ЕПСН, која го пренесуваше натпреварот помеѓу Лејкерс и Јута, соопшти дека во „пик“ моментот натпреварот го гледале 2,55 милиони луѓе, што е дури 42% повеќе од просечната гледаност на НБА натпреварите минатата сезона.
Клучот на иднината! ↓↓↓
Дебито на Дончиќ донесе рекордна гледаност иако 25-годишниот Словенец влезе во игра во непопуларен термин – во понеделник по 22:30 по локално време.
Натпреварот на Лејкерс и Јута го проследија во просек 2,01 милиони луѓе, според аналитиката на компанијата „Нилсен“, и беше најгледан натпревар за машката публика на возраст од 18-34 години, 18-49 и 25-45 години.
На гледаноста не влијаеше фактот дека Лука беше на теренот 24 минути, постигна за него скромни 14 поени, ниту тоа што ја преседи последната четвртина на клупата, а самиот натпревар беше решен многу пред крајот.
Luka Dončić’s @Lakers debut against the @utahjazz on Monday averaged 2.01M viewers pic.twitter.com/rioiHzzBhH
— ESPN PR (@ESPNPR) February 12, 2025