Ракометната репрезентација на Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство. Хрватска ја совлада Франција во уште една ракометна класика со резултат 31:28 во преполната Арена Загреб.
Избраниците на Дагур Сигурдсон вечерва ќе ги дознаат противниците во финалето, по второто полуфинале меѓу Данска и Португалија.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Најдобар играч на натпреварот беше Звонимир Срна, кој постигна седум гола, од кои три во низа на средината на вториот дел, кога Франција се закани дека ќе ја намали разликата. По натпреварот тој застана пред камерите на РТЛ.
“Не сум свесен што направив. Бевме поемотивни против Унгарија. Клучно беше влегувањето во игра со одбрана 5-1, со што им направивме проблеми. Ни одеше добро, не сакав натпреварот никогаш да заврши.“
Не критикуваа со причина, ние го издржавме, молчевме и работевме. Сигурдсон донесе нешто ново, да ни помогне во некои ситуации да бидеме посмирени и да не се занесуваме од емоции. Тренерот никогаш не ги комплицира работите, тој е строг и дисциплиниран, добро соработуваме. Ако го повториме овој пристап, сите ќе имаат проблеми со нас. Мора да го направиме истото и против Данска доколку не пречекаат во финалето“, изјави Срна.