Дома Фудбал Срамно: Погрдни скандирања на сметка на ѕвезда на Реал Мадрид (Видео)

Срамно: Погрдни скандирања на сметка на ѕвезда на Реал Мадрид (Видео)

Во еден момент, првиот натпревар од полуфиналето на шпанскиот Кралски куп помеѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид беше прекинат, а од трибините се слушнаа ужасни скандирања кон еден играч на гостинскиот тим.

Натпреварот Реал Сосиедад-Реал Мадрид не донесе финалист за Купот. Кралевите победија со 1:0, со гол на Ендрик, но јасно е дека во реваншот мораат да изборат финале. Во другото полуфинале се сретнаа Барселона и Атлетико, кои играа во вторник навечер во спектакуларен натпревар, кој заврши со 4:4.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Фудбалот во Шпанија често носи контроверзии, и тоа не само поради судиските грешки, туку и поради скандирањата на навивачите.

Винициус Жуниор обично е на мета на навивачите на противничките екипи, но во Сан Себастијан страдаше неговиот соиграч, кого домашните навивачи едвај чекаа, а не му простија она што се случуваше пред неколку години. Но, да се вратиме кратко на случувањата на „Аноета“.

Во судиското продолжение на првото полувреме, по прекршокот врз Беранчеа во кој играчот на Реал доби жолт картон, започна скандирање: „Асенсио умри“.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Липи „удри“ по Мота, па го избра најдобриот италијански тренер

Легендарниот италијански стратег Марчело Липи призна дека имал поголеми очекувања од Тијаг…