Американскиот репрезентативец Џоел Ембид, некогашниот најголем предизвикувач на Никола Јокиќ за признанието MVP, приреди голем скандал минатата вечер во НБА лигата. Во победата на неговата Филаделфија против Сан Антонио (111:106), Ембид физички и вербално напаѓаше кон своите противници, но и на судијката.
Две минути пред крајот на првото полувреме, додека Филаделфија водеше, Ембид направи напад со прекршок кога го собори својот чувар Виктор Вембањама, а потоа почна да ја брка судијката Џенифер Шредер по теренот…