
Фудбалерите на сплитскиот Хајдук минатите денови се соочуваат со силни навреди и критики од навивачите, а Антони Калик доживеа исклучително непријатна ситуација во една градина на кафуле во Сплит.
Овој Австралиец, кој има и хрватски пасош, беше нападнат во кафулето од страна на неколку хулигани, а еден од нив го навредил и плукнал.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Порталот 24sata го објави снимката од нападот на Калик, а уште пред објавата клубот од Полјуд се изјасни и го осуди однесувањето на хулиганите.
“Свесни сме дека последниот неуспех во Европа предизвика негативни реакции кои целосно ги разбираме и прифаќаме, но исто така го осудуваме секој вид на однесување кое не е во духот на спортот и Хајдук, а кое може да ја загрози безбедноста на играчите и навивачите, како на стадионот, така и надвор од него.
Јасно и недвосмислено повикуваме на разум и воздржаност од секое однесување кое може да нанесе уште поголема и непоправлива штета на репутацијата на нашиот клуб.
Се надеваме дека поддршката од нашите навивачи нема да изостане во иднината, а ние како клуб ќе работиме на тоа да ја оправдаме нивната доверба, преку посветеност и труд во дресот на Хајдук”, изјавија од ХНК Хајдук.
Снимката можете да ја погледнете на овој линк.