Дома Фудбал Спортинг пронајде нов тренер, за него ќе плати речиси половина од откупната клаузула на Аморим

Спортинг пронајде нов тренер, за него ќе плати речиси половина од откупната клаузула на Аморим

Спортинг од Лисабон “талка” со изборот на нов тренер по заминувањето на Рубен Аморим на Олд Трафорд каде што беше претставен како нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

Почетокот на ноември, Аморим го напушти стадионот Жозе Алваладе за да се приклучи на Манчестер Јунајтед кој плати за неговата откупна клаузула во износ од 10 милиони евра.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


На неговото место беше поставен поранешниот португалски репрезентативец Жоао Перејра, кој не се снајде најдобро на клупата на актуелниот првак на Португалија.

Од неговото доаѓање клубот доживеа четири последователни порази по што малку се стабилизираше и славеше две победи со реми, но тоа не беше доволно за раководството на Спортинг да го задржи на клупата иако имаше договор до 2027 година.

Тие потврдија дека поранешниот португалски репрезентативец е отпуштен, а на неговото место го доведоа досегашниот тренер на Виторија Гимараеш, Руи Боржес.

За него ќе платат речиси половина од откупната клаузула што англискиот клуб ја плати за Рубен Аморим, односно нешто повеќе од четири милиони евра.

Боржес ќе потпише со актуелниот првак на Португалија договор до 2026 година со опција за продолжување за дополнителна година доколку страните бидат задоволни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позната иднината на Ван Дајк

Иднината на Ван Дајк во Ливерпул беше неизвесна бидејќи дефанзивецот влезе во последната г…