
Сè повеќе спортови ги рушат пречките и доживуваат голема експанзија, а меѓу нив е и бадминтонот, спортот кој последниве години претежно се поврзува со Азија.
Меѓутоа, бадминтонот е дел од Олимпиското семејство и сè повеќе е застапен во Европа.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
На пример, една од водечките светски земји во овој спорт е и Данска.
Во Кина, бадминтонот е меѓу најпопуларните спортови, а токму за време на бадминтон натпреварот Кинезите ги поместија границите.
На Националното првенство на Кина во споменатиот спорт, беа видени неверојатни кадри.
Натпреварите беа достапни преку стрим, но тоа не би било ништо чудно ако самите гледачи можат да ги регулираат кадрите.
Имено, за време на прикажувањето на натпреварот на стримот, гледачите можат сами да го подесат аголот кој го сакаат.
Неверојатно до какви граници Кинезите ја доведоа снимката на еден спортски настан.
Видеото веднаш стана популарно и се врти по социјалните мрежи.
Whaaattttt 🤯😮💨 badminton live stream of China National Games is NEXT LEVELLLLLL 💯💯💯
— Twee Twee (@ThongWeeDaphne) November 13, 2025
u can adjust whatever angle u want 👍🏻 pic.twitter.com/Dvpv2Zy5OW