
Фудбалерите на Ливерпул извојуваа победа против Арсенал во дербито од третото коло на англиската Премиер лига, со конечен резултат 1:0 на домашен терен на Енфилд.
Арсенал остана без стоперот Вилијам Салиба уште во четвртата минута, откако не можеше да ја продолжи играта. Тие имаа прилики преку Гакпо и Ван Дајк од едната страна, додека Мадуеке, Тимбер и Калафиори се закануваа од другата, но резултатот остана непроменет.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во второто полувреме Ливерпул интензивно тргна кон гол што би им донел нови три бода, а во 60-та минута погодокот на Уго Екитике беше поништен поради офсајд позиција. Домаќинот продолжи со напади преку Гравенберх и Гакпо, и конечно дојде до предност во 83-та минута од натпреварот.
Зубименди направи прекршок на 30 метри од голот, а Собослаи маестрално погоди од слободен удар, овозможувајќи три бода за „Црвените“.