Дома Фудбал Спектакуларен трансфер во најава: Салах се сели во Шпанија?!

Спектакуларен трансфер во најава: Салах се сели во Шпанија?!

Мохамед Салах сè уште нема потпишано нов договор со Ливерпул, а наводно се понудил – на Барселона?!

Меѓутоа, оваа вест треба да се прими со голема резерва, бидејќи ја пласираше каталонскиот „Спорт“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Токму поради тоа, треба најпрво да се истакне дека овој трансфер од неколку причини е нереален. Прво, Барселона на позицијата на Салах ја има својата прва ѕвезда Ламин Јамал, а јасно е дека не можат да играат заедно. Второ, Салах годишно заработува бруто над 20 милиони евра, што во Барселона е недостижно.

И трето, Салах и понатаму има намера да остане во Ливерпул, само што управата на клубот и неговите агенти се наоѓаат во преговори кои не се едноставни. Познато е дека Ливерпул му нуди договор на две години, додека Салах очекува да добие нов тригодишен договор со идентична плата.

Што се однесува до Барселона, Ханси Флик, Деко и Џоан Лапорта се согласни дека им треба засилување во нападот, но најмалку на позицијата десно крило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан не сака да погреши како Реал: Иако Модриќ игра фантастично, тие веќе имаат негов наследник

Синоќа, Милан оствари голема победа на гостувањето кај Болоња (0:3) во 23-то коло од итали…