Дома Фудбал Спектакуларен стадион ќе биде изграден на врвот на зграда висока 350 метри (Видео)

Спектакуларен стадион ќе биде изграден на врвот на зграда висока 350 метри (Видео)

Планираниот небески стадион во Саудиска Арабија би требало да биде спектакуларен стадион, на чии трибини би можеле да се сместат 46 илјади гледачи. Арапите го претставија проектот кој треба да се реализира до Светското првенство во 2034 година, кое ќе се одржи во нивната држава.

Официјално ќе се вика НЕОМ стадион, а би се наоѓал на врвот на зграда висока 350 метри во новиот, паметен град НЕОМ, чие градење веќе започна. Според планот, стадионот ќе се започне да се гради во 2027 година, а изградбата треба да заврши до 2032 година. Станува збор за енергетски одржлив проект, па така целиот стадион ќе се напојува со сончева и ветерна енергија. Неговата изградба ќе чини милијарда долари.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ од Шпанија: Барселона се пушти во трка по важен фудбалер на Манчестер сити

Пред околу две и пол години Манчестер Сити го сруши рекордот за најскап дефанзивец во исто…