Дома Фудбал Сопствениците на ПСЖ ќе купуваат шпански клуб

Сопствениците на ПСЖ ќе купуваат шпански клуб

Сопствениците на Пари Сен Жермен „Катар Спортс Инвестментс“ преговараат за купување на шпанскиот второлигашки клуб Малага, јавува „Екип“. Катарците го превзедоа ПСЖ во 2011 година, но сега почнуваат да го прошират своето портфолио во фудбалот. Во последно време, тие купија 21.67 проценти од португалскиот клуб Брага.

Според „Екип“, преговорите за купување на Малага се во напредна фаза и двете страни се блиску до договор за 100 милиони евра. Една од причините „Катар Спортс Инвестментс“ да се одлучи на овој клуб е тоа што градот ќе биде домаќин на натпревари од Светското првенство во 2030 година и стадионот ќе биде реновиран. Инвестициската група преговара и за проект во Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Халанд ќе го задржи подолго време надвор од терените

Ерлинг Халанд не ќе биде во можност да учествува во критичниот дел од сезоната за тимот на…