Дома Фудбал Со Реал Мадрид освои се, но не даде свој придонес: Сега потпиша за второлигаш

Со Реал Мадрид освои се, но не даде свој придонес: Сега потпиша за второлигаш

На крајот на мај, Реал Мадрид објави дека клубот го напушта дефанзивецот Хесус Ваљехо, 28-годишник кој беше дел од тимот од 2015 година. Тој дојде од Сарагоса за сума од 6 милиони евра и беше веднаш вратен во тој клуб на позајмица. Позајмиците го карактеризираат целото негово досегашно искуство во кариерата, бидејќи никогаш немаше вистинска шанса да се докаже во Реал. Сега има нов тим, потпиша договор со Албасете од втората шпанска лига.

Половина од своите десет години поминати во мадридскиот гигант, Ваљехо ги помина на позајмица во Сарагоса, Ајнтрахт, Вулверхемптон и Гранада. Во останатите пет сезони во Реал освои еднаш Ла Лига и Купот на Кралот, два пати Лигата на шампионите и Суперкупот на Шпанија, три европски Суперкупа и четири Светски клубски првенства.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Иако Ваљехо со Реал освои сè, неговиот удел во тие трофеи е минимален. Во десет години за клубот одигра само 35 натпревари. Колку му веруваше Реал сведочи фактот колку малку беше користен во текот на неодамна завршената сезона.

И покрај огромните проблеми со повредите, особено меѓу дефанзивците, Ваљехо одигра само четири натпревари минатата сезона, од кои три се на крајот, кога Реал веќе отпадна од трката за трофеи. Во сезоната 2024/25 собра само 136 минути на теренот.

Со Албасете потпиша договор на две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Ман Сити објавија договор на вредност од 1 милијарда фунти

Од Манчестер Сити објавија дека го продолжиле актуелниот договор со Пума за уште 10 години…