Дома Фудбал Со Флик нема шега – вовел најголеми казни во историјата на Барселона!

Со Флик нема шега – вовел најголеми казни во историјата на Барселона!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја имплементираше најновата и исклучително строга мерка која носи рекордна парична казна во историјата на клубот. Овој чекор е дел од дисциплината што германскиот стручњак ја наметна откако го презеде водството на тимот.

Одлуката за засилување на правилата доаѓа во момент кога Барселона, по 25 одиграни кола, повторно се најде на врвот на првенствената табела. Каталонците, победувајќи го Леванте, во натпревар во кој стрелци беа Бернал, Де Јонг и Фермин Лопез, искористија поразот на Реал Мадрид од Осасуна претходниот ден за да ја преземат водечката позиција.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Флик, кој седна на кормилото на Барселона во летото 2024 година, од самиот почеток јасно наложи дека ќе инсистира на цврста дисциплина. Веднаш по неговото доаѓање, постави десет строги правила, со посебен акцент на точноста. Дека нема да има попуштање, во март минатата година се увери и Жул Кунде, кој беше казнет поради доцнење.

Сега е објавено дека казната за доцнење е дополнително заострена, за што на шпанската телевизија говореше и играчот од средниот ред, Педри. “Што се однесува до точноста, правилата малку се променија. Ако доцните, плаќате казна,” потврди тој.

Набрзо беше откриено и конкретниот износ – за доцнење од десет минути на денот на натпреварот се изрекува казна од дури 40 илјади евра. Оваа мерка ја коментираше и Феран Торес: “Не можам ни да замислам колку би чинело 20 минути.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан најде замена за Модриќ

Играчот на Баерн Минхен Леон Горецка даде јасност околу својата иднина.Тој потврди дека ќе…