
Лионел Меси се најде во центарот на вниманието по поразот на Интер Мајами од 2:0 против Ванкувер Вајткапс во првиот натпревар од полуфиналето на Конкакаф Лигата на шампионите 2025. Додека видливо нервозен го напушташе теренот, еден навивач го испровоцираше мавтајќи со дрес на Кристијано Роналдо.
Ова предизвика бурна реакција на Меси, која брзо се прошири по социјалните мрежи.
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Според снимките објавени на ТикТок и мрежата X, Меси на кратко застана кога го виде дресот и нервозно одговори:
“Јас сум број еден, оди и гледај го во Саудиска Арабија”, рече аргентинската ѕвезда, пренесе Bein Sports.
Необичната ситуација се случи веднаш по натпреварот додека Меси одеше кон соблекувалната на стадионот БЦ Плејс во Ванкувер, по тешката вечер за Интер Мајами кој сериозно ги загрози своите шанси за настап во финалето. Ова сцена предизвика поделени реакции. Некои го поддржаа Меси, сметајќи го неговиот одговор за разбранливо по провокацијата по болниот пораз. Други го критикуваа, мислејќи дека требаше да ја игнорира провокацијата.