Дома Фудбал Со денови не јадеше, беше затворен во соба, а сега сите ќе гледаат во него во финалето од Конференциската лига

Со денови не јадеше, беше затворен во соба, а сега сите ќе гледаат во него во финалето од Конференциската лига

Бразилскиот фудбалер Антони искрено зборуваше за тешкиот период што го доживеал за време на престојот на Олд Трафорд и последиците кои тој период во Манчестер Јунајтед ги оставил на неговото ментално здравје.

Бразилецот, кој во летото 2022 година пристигна од Ајакс за вртоглави 86 милиони евра, никогаш не успеа да ги исполни големите очекувања на навивачите и раководството на клубот. Во дресот на „црвените ѓаволи“ одигра 96 натпревари, постигна само 12 голови и забележа пет асистенции, пред во почетокот на 2025 година да премине на позајмица во шпанскиот Бетис.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Од тогаш како да се ослободи – во дресот на Бетис блесна со девет голови, за него целиот свет пишуваше во пролетта, додека со шпанскиот клуб вечер игра во финалето на Конференциската лига против Челси.

Во интервју за TNT Brazil, Антони емотивно зборуваше за најмрачниот период од својот живот:

Преживував многу тешки моменти во Јунајтед. Дојдов до точка кога веќе не чувствував задоволство. Му велев на брат ми дека веќе не можам. Само јас знам како беше кога останував дома без сила да се играм со синот, кога денови не можев да јадам, затворен во својата соба.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи е блиску до договор со Давид, но во трката се вклучи и Јувентус

Наполи е блиску до договор со претставниците на напаѓачот на Лил, Џонатан Давид, пишува Sk…