Дома Останати Кошарка Снимката која го расплака Дончиќ: Мислев дека нема да можам да играм (Видео)

Снимката која го расплака Дончиќ: Мислев дека нема да можам да играм (Видео)

Лука Дончиќ се скрши и заплака додека гледаше видеото што му го подготвија во Далас по неговото враќање, а после натпреварот призна дека не знае како воопшто успеал да го одигра натпреварот..

Словенецот беше пречекан на неверојатен начин, бидејќи сите навивачи на Далас во салата носеа маици со натпис на словенечки “Лука, благодарам за сè”, а мнозинството од нив исто така носеа транспаренти со благодарност до Дончиќ.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Пред официјалното претставување на играчите на големиот видеоекран во салата беше прикажано триминутно видео за благодарност на Дончиќ за сè што направил за Маверикс во последните седум години, а Лука не можеше да ги сокрие солзите додека ги слушаше овациите од трибините.

“Сите видоа како реагирав на снименото. Сите овие навивачи, многу го ценам тоа. Моите соиграчи… сите ми беа поддршка, среќен сум. Ги сакам овие навивачи и овој град, но време е да се продолжи понатаму”, рече Дончиќ во првата изјава, додаде:

“Толку многу емоции, не можам ни да ги објаснам. Очите ми се насолзија. Во Далас дојдов како момче, со само 18 години. Тука се чувствував како дома. Имам многу убави спомени”, додаде Дончиќ.

Фото: Принтскрин
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пешиќ го „запали“ Белград – поради една реченица за Обрадовиќ е под жесток напад од навивачите на Партизан

Светислав Пешиќ го коментираше заминувањето на Жељко Обрадовиќ од Партизан и тоа предизвик…