
Весли Снајдер ја започна својата професионална кариера во Ајакс, а потоа се пресели во Реал Мадрид, додека најголемиот клупски успех го постигна со Интер во 2010 година кога под водство на Жозе Мурињо ја освои Лигата на шампионите. Во истата сезона освои и италијанското првенство и Купот, а со репрезентацијата на Холандија стигна до финалето на Светското првенство и беше меѓу номинираните за Златната топка.
Како и многу други играчи, по некое време Снајдер почна да троши пари непромислено и често се забавуваше до доцна во ноќта. Еднаш одлучи да признае дека останал да пие до шест часот наутро вечерта пред утакмица од Лигата на шампионите. Подоцна самиот истакна дека алкохолот негативно влијаел на неговата кариера. „Можев да бидам како Меси и Роналдо, но едноставно не го почувствував тоа. Уживам во животот, можеби понекогаш пиев една чаша вино повеќе на вечера“, изјави тој.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Неодамна неговите изјави предизвикаа негативни реакции во Холандија, иако вели дека само ја кажал својата искрена мисла. „Да се разбереме, како народ сме многу љубоморни и завидливи. Затоа оваа држава е ужасна“, изјави Снајдер, истакнувајќи дека се чувствува многу подобро кога е надвор од Холандија.
Според него, луѓето во Холандија често посакуваат нечиј неуспех. „Холанѓаните повеќе сакаат да те видат паднат, несреќен и неуспешен. Кога одам во Милано, добредојден сум поради она што го постигнав. Луѓето сè уште се благодарни за тоа што го правев.“ Тој додаде: „Холандија е ужасна земја кога станува збор за љубомора. Поголемиот дел од граѓаните се едноставно завидливи. Ако имате среден живот, личен и професионален, тоа не им се допаѓа.“
Снајдер потекнува од младинската школа на Ајакс, каде што освои национално првенство и три Суперкупа. Во август 2007 година премина во Реал Мадрид за 27 милиони евра.
Најзначајните резултати во неговата кариера се поврзани со периодот во Интер, од 2009 до 2013 година, кога освои италијанско првенство, Куп и Лига на шампиони. Има и трофеи со Реал Мадрид, вклучувајќи шпански Куп и Суперкуп, а во дресот на Галатасарај освои две првенства, три купа и три Суперкупа на Турција. Во годината кога стана европски првак, го зазеде четвртото место во трката за Златната топка, зад Иниеста, Чави, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Фото: Inter/X