Дома Фудбал Случајот конечно доби разрешница: Како се развиваа настаните околу Лукаку

Случајот конечно доби разрешница: Како се развиваа настаните околу Лукаку

Ромелу Лукаку ја прекина тишината и конечно даде објаснување за неговото отсуство од Наполи, откривајќи на социјалните мрежи дека се соочува со значителни здравствени проблеми поврзани со повреда.

По неколкудневни шпекулации и гласини за непријавувањето на напаѓачот Ромелу Лукаку во Наполи, Белгиецот се огласи за да ја објасни ситуацијата. Преку неговата објава на Instagram, го појасни продолженото останување во Белгија, потенцирајќи дека никогаш не би го напуштил клубот од Серија А.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Лукаку откри дека не се чувствувал добро и таму извршил медицински прегледи со доктори и својот личен тренер, кои покажале воспаление на флексорот на колкот. Затоа тој одлучил да се рехабилитира во својата татковина, наместо во Наполи, за да биде „целосно подготвен“.

– Оваа сезона беше многу тешка за мене, помеѓу повредите и личната загуба ( смртта на татко му). Свесен сум дека последните денови многу се зборуваше за мојата состојба и важно е сè да се разјасни. Вистината е дека последните недели не се чувствував физички добро и направив неколку прегледи додека бев во Белгија. Покажано е дека постои воспаление и течност во флексорот на колкот, блиску до цикатриксот. Имајќи предвид дека ова е втор проблем од моето враќање во ноември, одлучив да се рехабилитирам во Белгија, за да можам да помогнам кога ќе ме повикаат. – објасни Лукаку.

– Верувам дека многумина од вас го видоа интервјуто кое дадов во Верона. Никогаш не би можел да се свртам против Наполи, никогаш. Нема ништо повеќе што сакам освен да играм и победувам со мојот тим, но сега морам да се осигурам дека сум целосно во форма, зашто неодамна тоа не беше така, што го отежнуваше и психички. Годината беше тешка, но на крајот ќе го надминам тоа и ќе помогнам Наполи и репрезентацијата да ги остварат своите цели кога ќе ме повикаат. Тоа е сè што посакувам – напиша Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ирска е подобра во меѓусебните дуели, но Македонија двапати ја спречила да игра на големи натпреварувања!

Иако традицијата вели дека Ирците имаат подобар биланс во меѓусебните пресметки, споменот …