
Ламин Јамал е на сите насловни страници на шпанските медиуми по неделното „Ел класико“.
Шпанецот самиот започна војна со „кралевите“ откако јавно во емисијата на Пике изјави дека „Реал краде и плаче“, предизвикувајќи бројни бурни реакции на теренот и надвор од него.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Дани Карвахал прв започна расправија со него по натпреварот, но тука не беше крајот. Во Барселона се прилично вознемирени поради коментарите и однесувањето на Јамал надвор од теренот, поради што Жоан Лапорта стапи во контакт со неговиот агент Жорже Мендеш.
Од Барселона јасно ја изразија загриженоста поради јавните изјави на Јамал, кои се знак на незрелост, а исто така и дополнителен мотив за големиот ривал. И клубот и Мендеш се согласни дека во наредниот период ќе го следат однесувањето на Јамал и дека ќе му укажат на грешките што ги направил, како и штетата од непотребните коментари.
Сите се согласни дека Јамал како 18-годишник треба да се изрази на теренот, да се фокусира на својата игра и да не дава бомбастични изјави кои предизвикуваат негативна реакција во јавноста.
Но, тоа не е единствениот проблем, бидејќи во клубот се загрижени и поради неговата хронична повреда. Тој играше со болки и пред Реал Мадрид, прилично е видно дека не е на потребното физичко ниво и дека му е потребно време да се опорави и да се подготви целосно за продолжување на сезоната.
Медицинскиот тим бил информиран од специјалистите дека е неопходно Јамал да тренира под посебен режим за да се избегне нова повреда.