Дома Фудбал Слот стави точка на ситуацијата со Салах!

Слот стави точка на ситуацијата со Салах!

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, ја заврши полемиката поврзана со Мохамед Салах, која овие денови беше една од главните теми во светот на фудбалот, особено навивачите на Ливерпул кои најмногу страдаа.

Во последно време, Слот донесе одлука да го остави Салах на клупа во три последователни натпревари од лигата, што резултираше со јавна реакција на египетскиот фудбалер против клубот и луѓето во него.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Како последица на тоа, Салах беше изоставен од тимот и не беше повикан за гостувањето против Интер во Лигата на шампионите. Подоцна, двете страни се сретнаа и успеаја да постигнат взаемно помирување.

Слот повторно се осврна на оваа тема на прес-конференција пред средбата со Тотенхем.

“Делата се помоќни од зборовите и продолживме понатаму. Тој беше дел од тимот и тоа беше мојата прва измена. Но сега се натпреварува на Африканскиот куп на нации и игра важни натпревари и за себе и за својата земја”, рече Слот, осврнувајќи се на последниот дуел на клубот против Брајтон, каде што Салах влезе во игра.

Тој додаде дека Салах нема да биде дел од тимот некое време поради учеството на Африканскиот куп на нации и дека е значајно да се задржи концентриран за да постигне најдобар резултат таму.

“Мислам дека е фер и за нив, и дефинитивно и за нас, бидејќи нè очекуваат неколку многу важни натпревари. Целокупоното внимание во Египет е насочено кон него. Не треба нешто да ме спречи да кажам нешто за неговото време тука во Ливерпул, бидејќи, како што реков, продолживме понатаму по интервјуто во Лидс и тој играше против Брајтон, а сега е таму, така што е фер и за таа земја, за него, а и за нас да зборуваме во свое име за Тотенхем и други натпревари и тие целосно да се фокусираат на нивниот турнир”, заклучи холандскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дојде во Европа како голем талент, но не му оди – повторно ќе го менува клубот!

Клаудио Ечевери е меѓу најталентираните фудбалери во светот, но неговото адаптирање во Лев…