
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, откри дека Ибрахима Конате ги возобнови тренинзите и ќе се врати во тимот на тимот од Мерсисайд за утрешниот домашен натпревар против Њукасл.
Французинот ги пропушти последните натпревари на тимот поради смртта на својот татко. Менаџерот додаде дека повредата на Џереми Фримпонг не е толку сериозна како што се претпоставуваше најпрвин, но сепак, десниот бек ќе отсуствува неколку недели.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Фримпонг сигурно нема да биде достапен утре. Ќе биде отсутен неколку недели, но не е толку лошо како што мислевме на почетокот, па има нешто позитивно во целата ситуација која инаку не е позитивна. Конате денес тренираше и ќе биде во тимот за утрешниот натпревар. Џо Гомес нема да биде достапен, но нема да биде долго. Кертис Џонс е спремен. Беше болен, но сега е добро.
Александер Исак сè уште не е на теренот. Токму што ја остави проходилката, така што нема да се врати на теренот денес или утре. Ќе трае уште малку, но тоа го знаевме.
Секој натпревар е од решавачко значење бидејќи сакаме да бидеме во првите 4. Знаеме од искуство колку е тешко против Њукасл. Овие натпревари секогаш се тешки за нас, но и за нив. И двата тима имавме добри резултати неделава, така што го очекуваме дуелот со нетрпение.