Дома Фудбал Англија Слот: Нотингем Форест ни е конкурент за титулата

Слот: Нотингем Форест ни е конкурент за титулата

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот упати пофалби за Нотингем Форест пред утрешното гостување на Мерсисајдерите на Сити Граунд.

Тимот на Нуно Еспирито Санто, кој е трет на табелата, заостанува само со гол-разлика од Арсенал, е единствениот тим што го победил Ливерпул во Премиер лигата во досегашниот тек од сезоната.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Отсекогаш сум велел дека можете многу подобро да го процените пласманот на средината на сезоната. Ако Форест сега е блиску до нас, Арсенал, Челзи, Сити и останатите, тогаш дефинитивно тие се наши конкуренти. Тие заслужуваат да бидат третирани на овој начин. Погледнете ги нивните резултати и како играат. Ќе биде многу тежок предизвик за нас. Тие веќе покажаа колку добар тим се“.

„За нас, губењето на Енфилд беше многу тешко да се проголта во тоа време. Сега не изгледа толку шокантен резултат како што мислев дека е тогаш. Секој менаџер се труди да најде стил и план кој најмногу одговара на играчите што ги има на располагање“, изјави Слот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…