
Менаџерот на Ливерпул Арне Слот ги посочи причините за отсуството на Луис Дијаз и Дарвин Нуњез при денешниот пораз со 2:4 од Милан во контролна средба.
Тој призна дека Дијаз бил оставен надвор од составот поради преговорите за негов трансфер, додека Нуњез добил одмор поради физички проблеми.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Во случајот на Лучо, да, причината беше несигурната му иднина. Има многу гласини околу него во последно време, но не можам да кажам повеќе за тоа. Тој навистина добро тренира со нас, но засега одлучивме да не игра. Да, разговарав со Дијаз, но како и да е, комуницирам со повеќето од моите играчи секојдневно. Како што реков, Лучо добро тренира, но одлучивме дека за сега е најдобро да не игра на натпреварите. Не можам да кажам повеќе на оваа тема и не сум јас личноста која треба да прашате дали тој сака да си замине“.
„Што се однесува до Дарвин, тој исто така тренира добро и одигра неколку добри натпревари за нас во текот на оваа претсезонска подготовка. Меѓутоа, тој беше повреден и не сакавме да ризикуваме. Истото важи и за Ватару Ендо, кој тренираше со нас целата недела, но не сакавме да ризикуваме. Ова е дел од претсезонската подготовка. Момците треба да се враќаат во форма за игра, но понекогаш границата е тенка, а рамнотежата е кревка. Одлучивме дека беше подобро Дарвин и Вата да не играат денес, но претпоставувам дека ќе бидат со нас во Јапонија“