Дома Фудбал Славниот англиски фудбалер ја остави својата девојка поради професијата, реагираше и полицијата

Славниот англиски фудбалер ја остави својата девојка поради професијата, реагираше и полицијата

Поранешниот англиски репрезентативец и фудбалер на Ливерпул и Њукасл, Енди Керол, ја прекина врската со познатата шминкерка и инфлуенсерка Лоу Тидсдејл, по неколку жестоки расправии кои го достигнаа врвот во текот на летото.
Според британските медиуми, Керол ја завршил врската со Лоу само осум недели откако полицијата мораше да интервенира за време на две бурни расправии за време на нивниот заеднички летен одмор.

“Енди му стана здодевно да се справува со нејзините барања и инфлуенсерскиот начин на живот. Постојано објавуваше нешто на социјалните мрежи и тој едноставно не можеше да го поднесе тоа”, откри извор близок до парот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Керол, по две години поминати во Франција, се врати во Англија, каде сега игра за Дагенам & Редбриџ. Играчот решил да ги отстрани сите траги од врската со Лоу од своите профили на социјалните мрежи.

“Врската им беше во криза веќе неколку месеци. Откако се врати во Англија, Енди сака да се концентрира само на фудбалот и семејството. Мрази инфлуенсерскиот стил на живот и не го интересира фотографирање за социјалните мрежи или објавувањето на љубовни мигови. Најсреќен е кога е со децата и кога игра фудбал. Славата и парите му се веќе неважни”, заврши изворот близок до парот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал обвинет за поразот на Барса. Легендата на Реал: Не ја знае историјата на Ел Класико

РЕАЛ Мадрид славеше против Барселона со 2:1 во возбудливиот Ел Класико на стадионот Сантиј…