Дома Фудбал Англија Славје на „Енфилд“: Салах и Ван Дајк остануваат во Ливерпул

Славје на „Енфилд“: Салах и Ван Дајк остануваат во Ливерпул

Преговорите меѓу Мохамед Салах и Ливерпул се во завршна фаза и многу брзо Египќанецот ќе потпише нов договор со клубот, пренесува трансфер-експертот Фабрицио Романо.

„Не само што е подготвен новиот договор за Мо Салах, туку. Ливерпул исто така е уверен дека наскоро ќе постигне договор и со Вирџил ван Дијк, како што и се очекуваше.Се очекува Салах и ван Дијк да останат во клубот“, напиша Романо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова значително ќе ги смири навивачите на тимот и менаџерот Арне Слот, кои во текот на целата сезона беа загрижени дали Салах, Ван Дајк и Трент Александер-Арнолд ќе останат на „Енфилд“.

По сѐ изгледа дека единствено десниот бек ќе си замине летово и ќе потпише за Реал Мадрид како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал блиску до договор со ѕвездата на Баерн

Реал Мадрид следи голем број стопери, а наводно сега Дајо Упамекано е трансфер цел број ед…