Дома Фудбал Скапото промашување на ПСЖ ќе заврши во Премиер лигата?

Скапото промашување на ПСЖ ќе заврши во Премиер лигата?

Рандал Коло Муани овај јануари би можел да го промени клубот, а според последните информации може за првпат во кариерата да се обиде во Англија.

Во последните седум натпревари доби само половина час, а на шест од нив не играше воопшто.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Последните три натпревари дури и не беше во конкуренција, па така Рандал Коло Муани е на излезните врати од Пари Сен Жермен.

Луис Енрике не смета на услугите на 26-годишниот Французин, што други клубови можат да го искористат и да се обидат да го доведат.

Договорот со Пари Сен Жермен му трае до летото 2028 година, но веќе во јануари 2025 може да го напушти клубот.

Според последни информации, изгледа дека трагичарот на Франција на Светското првенство во Катар може да се пресели во Англија.

Арсенал е заинтересиран за неговите услуги, но сè уште се двоуми дали да понуди пари за него или не.

Микел Артета потврди пред неколку дена дека Букајо Сака ќе го отсуствува неколку недели поради повреда на коленото.

Затоа, засилување во офанзивниот дел на тимот одлично би дошло за Арсенал, но останува да видиме што ќе одлучат раководителите на тимот.

Да се потсетиме, Рандал Коло Муани премина во Пари Сен Жермен во 2023 година како замена за очекуваното заминување на Килиан Мбапе, но не е ни сенка од играчот кој замина во Реал Мадрид.

Британскиот весник „Standard“ сепак пишува дека Пари Сен Жермен размислува за опцијата да го даде само на позајмица во јануари, но не и да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВИДЕО Пикфорд правеше гримаси пред да го одбрани пеналот на Халанд

Манчестер Сити и Евертон одиграа 1:1 во 18. коло од Премиер лигата. Бернардо Силва погоди …