Дома Фудбал Скандал во Шпанија: Судијата кој го исклучи Белингем добива смртни закани – ги исклучи и коментарите на Инстаграм

Скандал во Шпанија: Судијата кој го исклучи Белингем добива смртни закани – ги исклучи и коментарите на Инстаграм

Судијата Хозе Луис Муњера Монтеро, кој му покажа црвен картон на Џуд Белингам на натпреварот меѓу Осасуна и Реал Мадрид, ги исклучи коментарите на Инстаграм поради смртни закани кои почнаа да му пристигнуваат преку оваа социјална мрежа. Да потсетиме, натпреварот заврши 1:1 по головите на Килијан Мбапе за Реал и Анте Будимир за Осасуна, која од 39-та минута имаше играч повеќе после исклучувањето на Џуд Белингам.

Англискиот репрезентативец замина во соблекувалната после пцовка која, наводно, судијата кој не зборува англиски погрешно ја разбрал. Како дојде до исклучувањето и зошто мисли дека тоа било неправедно, на прес-конференција објасни Карло Анчелоти. Тренерот на Реал ги поучи новинарите за разликата во изразите “марш” (fuck off), кој го употребил Белингам, и “еб** се” (fuck you), што мислел судијата дека Белингам го кажал и поради што му дал црвен картон.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Овој црвен картон дополнително ги налути навивачите на Реал, кои, како и клубот, сметаат дека нив ги оштетуваат намерно за време на натпреварите во шпанското првенство. Некои од нив отидоа предалеку, па почнаа да му се закануваат на судијата.

Како што пишува Mundo Deportivo, на Инстаграм профилот на искусниот судија се појавија повеќе илјади вербални напади на неговата сметка. Во некои од нив имаше емотикони на свињи и стаорци, но имаше и закани кон него и неговото семејство, поради што тој одлучи да ја исклучи можноста за коментирање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само желба на Мурињо или реалност? Фенербахче тргнува по спектауларно засилување!

Фенербахче е вистинска мала балканска колонија, а може да стане посилна со едно навистина …