Дома Фудбал Скандал пред Светското првенство: Сотини милиони исчезнаа, а се закануваат напади и немири!

Скандал пред Светското првенство: Сотини милиони исчезнаа, а се закануваат напади и немири!

Светското првенство 2026. година, кое ќе се игра во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, треба да биде најголемиот фудбалски спектакл во историјата. Сепак, сè повеќе информации кои пристигнуваат од безбедносните кругови фрлаат сериозна сенка врз организирањето на турнирот.

Според достапни податоци, разузнавачките служби предупредија за потенцијални напади од екстремистички групи, но и делување на криминални организации кои би можеле да ја искористат глобалната пажња насочена кон Светското првенство.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Особено загрижува фактот што средствата наменети за безбедност – дури 625 милиони долари – доцнеле со исплатата, што во голема мера ги забавило подготовките во Соединетите Американски Држави.

Иако ФИФА заедно со американските власти е вклучена во планирањето на безбедноста, организаторите признаваат дека поради доцнењето на средствата останале без драгоцено време.

Турнирот започнува веќе на 11 јуни во Мексико, додека еден ден подоцна првите натпревари ќе бидат одиграни и во САД и Канада, што дополнително го зголемува притисокот врз организаторите.

Безбедносните предизвици се дополнително зголемени од глобалните политички тензии, но и од внатрешните проблеми во САД, вклучувајќи го незадоволството поради имиграционата политика на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Разузнавачките извештаи предупредуваат и за можни напади на транспортната инфраструктура, но и за спонтани немири поврзани со политичките и општествените тензии.

Особено внимание е насочено кон така наречените “зони за навивачи”, односно јавни собири на навивачи, кои би можеле да бидат особено ризични поради големиот број луѓе на отворен простор.

Поради безбедносни причини веќе се откажани или намалени некои планирани настани, што јасно покажува колку е сериозна ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел повика 35 играчи, меѓу кои Магваер и Томори, но не и Александер-Арнолд

Селекторот на Англија Томас Тухел објави список од 35 фудбалери на кои ќе се потпира за пр…