Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан (36) е уапсен поради криумчарење на кокаин. Белгискиот играч за врска соработувал со Ибрахим Ахмадун, кој претходно бил поврзан со увоз на кокаин, а во 2016 година бил уапсен во САД. Приведувањето на Наинголан е дел од поширока истрага за организиран криминал за група која е фокусирана на дистрибуција на кокаин од Јужна Америка во Белгија.
Ова не е првпат Наинголан да биде поврзан со криумчарење на кокаин. Белгиските медиуми пишуваат дека еден од неговите деловни партнери во фирма за приватни авиони бил осуден за криумчарење на дрога за терористичка организација Хезбола. Наинголан неодамна бил забележан и со луѓе блиски до светот на дрогата во Антверпен.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Од оваа година тој е член на белгискиот Локерен-Темсе. Во кариерата играше уште за Пјаченца, Калјари, Рома, Интер, Антверпен, СПАЛ и Бхајангкара. Свеовремено беше и еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и Европа.
За репрезентацијата на Белгија има 30 настапи и шест гола. Наинголан пред седум години предизвика контроверзии кога објави снимка од празнување на Нова година. Во споменатото видео пцуеше, пиеше алкохол и пушеше цигари, што италијанската јавност жестоко го осуди.