Дома Фудбал Сити потроши половина од сите пари што клубовите во Премиер лига ги дадоа за трансфери

Сити потроши половина од сите пари што клубовите во Премиер лига ги дадоа за трансфери

Со финализирањето на трансферот на Нико Гонсалес од Порто, што стана факт доцна синоќа, Манчестер Сити ја надмина границата од 180 милиони фунти, кои ги потроши за време на зимскиот трансфер прозорец за нови засилувања. Ова претставува скоро половина од вкупната сума што ја вложија сите клубови од Премиер лига за засилување на составите. Според “Би Би Си”, таа изнесува 370 милиони фунти. Ова е значително повеќе во споредба со минатиот јануари, кога сите екипи во елитата на Англија потрошија вкупно 100 милиони. Сепак, во однос на зимските трошоци за трансфери, овој прозорец останува на второто место во историјата, отстапувајќи само на 2023 година. Тогаш беше забележан рекорд во износ од 815 милиони фунти потрошени за играчи.

Со своите 180 милиони, Манчестер Сити пак отстапува само на Челси, кој во зимата на истата 2023 година потроши рекордни 275 милиони фунти.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


„Граѓаните“ дадоа 59 милиони фунти за Омар Мармуш, 29.6 милиони за Витор Реис, 33.6 милиони за Абдукодир Хусано и 50 милиони за Нико Гонсалес. Тие платија и 12.5 милиони фунти за Клаудио Ечевери, иако веднаш го испратија на позајмица назад во Ривер Плејт.

Иако потроши 180 милиони фунти за краток период, нетните трошоци на Манчестер Сити за целиот сезон до моментот изнесуваат само 67 милиони фунти. Ова е така главно поради продажбите на Хулиан Алварес во летото во Атлетико Мадрид за првична сума од 64.4 милиони фунти, како и на Жоао Кансело во Ал-Хилал за 21.2 милиони фунти.

По Премиер лигата, на второ место по пари потрошени за трансфери во последниот прозорец, е Серија „А“ со блиску 184 милиони фунти. Третата позиција ја има француската Лига 1, а на четвртото место е Саудиска Про Лига со 143.5 милиони фунти. Интересно е што клубовите од Ла Лига се дури на осмо место со вкупно 21.7 милиони фунти, што е скоро четири пати помалку од парите потрошени од клубовите од Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси сепак се пофали и со влезен зимски трансфер

Челси официјално го објави трансферот на 19-годишниот играч од среден ред Матис Амугу, кој…