Дома Фудбал Синот на Здравко Мамиќ ќе оди во затвор и ќе враќа пари во Динамо Загреб

Синот на Здравко Мамиќ ќе оди во затвор и ќе враќа пари во Динамо Загреб

За учество во извлекување на пари од Динамо Загреб во рамките на криминална група, Марио Мамиќ, син на поранешниот лидер на Динамо Здравко Мамиќ, денеска, на основа на договор со Судот, е осуден на една година и четири месеца затвор, а претприемачот Сандро Стипанчиќ на 11 месеци, што ќе биде заменето со општокорисна работа.

Окружниот суд во Осијек објави по рочиштето кое се одржа без присуство на медиумите, дека на Марио Мамиќ за извршените кривични дела му е изречена споредна парична казна од 750 илјади евра, а на оштетениот Динамо мора да му се надомести штета од 2.08 милиони евра и да ги плати судските трошоци од 70 илјади евра.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Обвинетиот Стипанчиќ, покрај општокорисната работа, на Динамо мора да му врати нешто повеќе од 113 илјади евра и да ги плати судските трошоци од 20 илјади евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Братот на Погба ќе заврши зад решетки поради изнуда!

Шест лица, меѓу кои и братот на поранешниот француски репрезентативец Пол Погба (31), Мати…