Дома Фудбал Синот на Здравко Мамиќ ќе оди во затвор и ќе враќа пари во Динамо Загреб

Синот на Здравко Мамиќ ќе оди во затвор и ќе враќа пари во Динамо Загреб

За учество во извлекување на пари од Динамо Загреб во рамките на криминална група, Марио Мамиќ, син на поранешниот лидер на Динамо Здравко Мамиќ, денеска, на основа на договор со Судот, е осуден на една година и четири месеца затвор, а претприемачот Сандро Стипанчиќ на 11 месеци, што ќе биде заменето со општокорисна работа.

Окружниот суд во Осијек објави по рочиштето кое се одржа без присуство на медиумите, дека на Марио Мамиќ за извршените кривични дела му е изречена споредна парична казна од 750 илјади евра, а на оштетениот Динамо мора да му се надомести штета од 2.08 милиони евра и да ги плати судските трошоци од 70 илјади евра.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Обвинетиот Стипанчиќ, покрај општокорисната работа, на Динамо мора да му врати нешто повеќе од 113 илјади евра и да ги плати судските трошоци од 20 илјади евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансферот на Субименди во Арсенал под прашање

Играчот на Реал Сосиедад Мартин Субименди навестува дека уште не е јасно каде ќе игра след…