Дома Фудбал Синот на Станковиќ се враќа во Интер!?

Синот на Станковиќ се враќа во Интер!?

Александар Станковиќ, фудбалер на Интер оваа сезона позајмен на швајцарскиот Луцерн, треба да се врати во таборот на „неро-азурите“ веќе од јуни.

Синот на Дејан Станковиќ зад себе има блескава сезона во Швајцарија, во која на 35 натпревари даде три гола и имаше две асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се наметна како значаен играч на тимот на Марио Фрик и затоа Луцерн планира да ја активира откупната клаузула која изнесува 1.500.000 швајцарски франци.

Меѓутоа, тука доаѓаме до нова компликација во договорот, бидејќи Интер има право на првенствена купопродажба за 3.000.000 франци.

Тоа значи дека Луцерн може да заработи 1.500.000 евра од оваа позајмица, а и Интер доби играч кој добро се зацврсти и разви во Швајцарија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со еден потег Перез спасил милиони од отказот на Алонсо – еве што направил!

Чаби Алонсо, кој ова лето потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид, го напушти тимот на п…