
Новак Ѓоковиќ успеа да го совлада Григор Димитров со 2:0 по сетови во полуфиналето на Мастерсот во Мајами и се пласираше во финалето на турнирот во Мајами.
Таму ќе се соочи со 19-годишниот Јакуб Менсек во борба за стотата титула во кариерата, а сето тоа го следеше легендарниот Лео Меси од трибините.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Интересна интеракција се случи помеѓу синот на Меси, Матео, и Ѓоковиќ, кога „младиот“ Меси му го соопшти своето мислење финалистот на турнирот/
„Ова беше осум од десет, следниот пат мораш да играш за десетка“, му рече Матео на Ѓоковиќ, притоа посакувајќи му среќа во финалето.
„Ми даде осум од десет, тоа е прилично добро“, откри Ѓоковиќ по пласманот во финалето на Мастерсот во Мајами.
Да додадеме дека финалето е закажано за недела. За Менсек ова е второ АТП финале во кариерата, но прво на овој ранг.
Претходно, двојката играше во Шангај на крајот на минатата година кога Ѓоковиќ победи во два сета, но сега Чехот сигурно ќе сака одмазда.