Дома Останати Тенис Синот на Меси го оценуваше Ѓоковиќ, не му даде „десетка“

Синот на Меси го оценуваше Ѓоковиќ, не му даде „десетка“

Новак Ѓоковиќ успеа да го совлада Григор Димитров со 2:0 по сетови во полуфиналето на Мастерсот во Мајами и се пласираше во финалето на турнирот во Мајами.

Таму ќе се соочи со 19-годишниот Јакуб Менсек во борба за стотата титула во кариерата, а сето тоа го следеше легендарниот Лео Меси од трибините.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Интересна интеракција се случи помеѓу синот на Меси, Матео, и Ѓоковиќ, кога „младиот“ Меси му го соопшти своето мислење финалистот на турнирот/

„Ова беше осум од десет, следниот пат мораш да играш за десетка“, му рече Матео на Ѓоковиќ, притоа посакувајќи му среќа во финалето.

„Ми даде осум од десет, тоа е прилично добро“, откри Ѓоковиќ по пласманот во финалето на Мастерсот во Мајами.

Да додадеме дека финалето е закажано за недела. За Менсек ова е второ АТП финале во кариерата, но прво на овој ранг.

Претходно, двојката играше во Шангај на крајот на минатата година кога Ѓоковиќ победи во два сета, но сега Чехот сигурно ќе сака одмазда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ одржа говор што ќе се памети во Хрватска: Додека сме живи, ние ќе…

Легендарниот Никола Пилиќ беше погребан во саботата на гробиштата во Опатија, а на последн…