Дома Фудбал Синот на Малдини премина во Лацио, синот на Марсело потпиша за Реал

Синот на Малдини премина во Лацио, синот на Марсело потпиша за Реал

Од Италија пристигна вест дека Даниел Малдини, 24-годишниот син на еден од најдобрите одбранбени фудбалери на сите времиња и легенда на Милан, Паоло Малдини, стана нов играч на Лацио.

Даниел Малдини успешно ги помина лекарските прегледи во Рим и се приклучи на небесносините со трансфер вреден 15 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Малдини јуниор, исто како и неговиот славен татко, кариерата ја започна во Милан, но подоцна играше за многу италијански клубови, најпрво како позајмен играч (Специја, Емполи, Мока), за потоа во јануари 2024 година да потпише договор со Монца, па во февруари 2025 со Аталанта.

Во исто време, од Шпанија пристигна вест дека Енцо Алвес, 16-годишниот син на поранешниот одбранбен играч на Реал Мадрид, Бразилецот Марсело (37), го потпиша својот прв професионален договор со славниот мадридски тим.

Енцо Алвес игра на позиција напаѓач. Има одиграно 10 натпревари за младинската репрезентација на Шпанија, постигнувајќи три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо: Го сакам Реал Мадрид и Арбелоа, тој беше еден од моите омилени играчи

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, зборуваше пред медиумите на интересна прес-конференција …