Дома Фудбал Симеоне веќе ги крои плановите за лето – има две големи желби за посилен Атлетико!

Симеоне веќе ги крои плановите за лето – има две големи желби за посилен Атлетико!

Атлетико Мадрид ќе биде еден од клубовите кои би можеле да го одбележат претстојното лето.

Атлетико пак попушти на крајот на сезоната во која остана без сите три трофеи, а во март беше во игра за секој.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Мадридјаните се свесни дека мора да се засилат, а две имиња кои денес се спомнуваат најмногу се – Кристијан Ромеро и Томас Парти!

Се шпекулираше и порано дека Ромеро е по вкус на Симеоне, се разбира, со тоа аргентинската колонија во Атлетико ќе станеше уште посилна. Ромеро е свесен дека во Тотенхем не може да се бори за најважните трофеи и дека Атлетико би можел да биде чекор напред во неговата кариера.

Што се однесува до Парти, тој синоќа се врати на местото на успехот, во Мадрид, каде што веќе носеше дрес на Атлетико Мадрид. Иако потекнува од Гана, Парти израсна во Атлетико каде што блескаше од 2015 до 2020 кога премина во Арсенал за 50 милиони евра.

Сега му истекува договорот, нема знаци дека ќе добие нов и Диего Симеоне би го вратил со задоволство во неговите редови.

Парти има 31 година, на летото полни 32 и сигурно дека има уште неколку сезони на високо ниво во неговите нозе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Реал Мадрид се потсмева на Јамал поради… капата

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Хосе Марија Гутиерес-Гути се потсмева на Ламин Јамал, …