Дома Фудбал Симеоне создава „машинерија“ за напад на титулата во Ла Лига

Симеоне создава „машинерија“ за напад на титулата во Ла Лига

Атлетико Мадрид оваа сезона остана без трофеј во витрините, но наредната сезона ќе се обиде да се врати на големиот пат.

„Јорганџиите“ оваа сезона завршија на третото место во шпанското првенство и останаа без трофеј.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Со пласманот во Ла Лига, сепак успеаја да обезбедат место во Лигата на шампионите, што и беше првичната цел оваа сезона.

Меѓутоа, следната сезона Атлетико Мадрид планира напад на титулата во шпанското првенство, а за да го постигнат тоа ќе треба да го подобрат играчкиот кадар.

Се ближи почетокот на летниот преоден рок, кој ќе биде многу интересен, и мадридскиот клуб ќе биде активен на трансфер пазарот.

Шпанските медиуми носат вистинска „бомба“, а тоа е дека Атлетико Мадрид е заинтересиран за Лаутаро Мартинез. Како што наведува овој извор, Лаутаро е голема желба на својот сонародник Диего Симеоне и челниците на мадридскиот клуб.

Сепак, за тоа да се оствари, многу веројатно е дека Антоан Гризман ќе треба да ги напушти редовите на Јорганџиите.

Иако станува збор за многу квалитетен играч, Французинот веќе се наоѓа на познати играчки години (34) и Атлетико Мадрид мора да размислува за иднината.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…