Дома Фудбал Симеоне: Барса и Реал се историја, а ние растеме

Симеоне: Барса и Реал се историја, а ние растеме

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази голема почит кон градскиот ривал Реал Мадрид пред утрешниот дуел на “Сантијаго Бернабеу” во осмина-финалето на Лигата на шампионите. Тој потенцираше дека претстојниот натпревар е грандиозен како за градот, така и за целата држава.

„Овој меч ќе го започнеме со голема почит кон еден многу голем противник. Разбирам дека и тие не почитуваат на истиот начин. Доколку беше екипа од друго првенство, немаше да го допреме овој аспект. Претходните дуели немаат никакво влијание. За Мадрид е грандиозно, за Шпанија исто така, бидејќи сигурно ќе има претставник во четвртфиналето. И за нас самите, кои ќе играме, ќе уживаме. Ова е многу важен меч, и ќе пристапиме со голема почит и ќе бидеме подготвени за сѐ што треба да се случи.“


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


„Треба да уживаме во овие моменти. Секогаш сум ги поставувал Барселона и Реал Мадрид на местата на кои се, поради нивната историја. Ние пак олицетвориме чисто растење, што е многу прекрасно. Како и секогаш, ги поврзуваме нештата со историјата, а таа на Реал Мадрид во Лигата на шампионите е извонредна. Утре, сепак, сигурно ќе имаме голема можност. Ла Лига или ЛШ? За мене, секогаш следниот натпревар е најважен. Не можам да мислам на Ла Лига, бидејќи остануваат уште кола. Сум концентриран само на утрешниот дуел,” коментира Симеоне на прес-конференцијата пред пресметката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан има три кандидати за спортски директор

Милан е во сериозна криза, но тренерот не е сменет. Затоа, управата реши да се посвети на …