Дома Фудбал Силва по завршувањето на епизодата во Сити се сели во Барселона?

Силва по завршувањето на епизодата во Сити се сели во Барселона?

На крајот на сезоната ќе го испразни својот ормар во „Етихад“ и како слободен играч ќе бара нов ангажман.

Иако ништо сè уште не е завршено и англиската фудбалска јавност едвај чека моментот кога ќе се појави „револверот“ на „Топџиите“ директно во нивната нога, изгледа дека Сити ни оваа сезона нема да го освои првенството на Англија. Минатата сезона, подобар беше Ливерпул, додека Арсенал во овој момент има девет бодови предност (со еден натпревар повеќе) во однос на Граѓаните.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кон Гвардиола критиките се сè поголеми секој ден, а сигурно му предизвикува дополнителна главоболка и фактот дека на крајот на сезоната ќе остане без својот прв капитен, Бернардо Силва. Пред помалку од еден месец, Силва се договори со клубот за разделување на крајот на сезоната, но набрзо по тоа на неговата адреса пристигна препорачано писмо од Јувентус, во кое беше наведено дека вратите на торинскиот гигант му се отворени.

Но, за Силва е поатрактивна Барселона, Ла Лига. И моментално тоа изгледа како пореална опција. Всушност, во овој момент Ханси Флик не е особено одушевен со таа идеја, барем така пишуваат Шпанците, но ако Бернардо прифати да биде дел од ротацијата и не инсистира на договор како оној што денес го има во Сити (350 илјади евра неделно), тогаш навистина може да се случи одличниот Португалец да биде првото засилување на Барселона за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез го „запали“ Лондон поради Реал Мадрид

Енцо Фернандес ја „запали“ јавноста откако отворено изјави дека би сакал да живее во Шпани…