Дома Фудбал Силекс е единствен кој во европските квалификации нема да игра на „Тодор Проески“

Силекс е единствен кој во европските квалификации нема да игра на „Тодор Проески“

Македонските претставници во европските клупски натпреварувања ги приведуваат подготовките при крај, а поголемиот дел од нивните мечеви ќе се одиграат на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Шкендија, како шампион на Македонија, ќе се натпреварува во квалификациите за Лигата на шампионите, каде што во првото претколо ќе се соочи со велшкиот првак ТНС. Првиот натпревар се игра во Велс, додека реваншот е закажан за 15 јули со почеток во 20:30 часот во Скопје.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На европската сцена се враќа и Вардар, кој ќе го одмери силите со Ла Фиорита од Сан Марино. Скопскиот тим ќе биде домаќини на првиот натпревар, кој ќе се одигра на 10 јули, исто така со почеток во 20:30 часот на арената „Тодор Проески“.

Работнички, кој доби зелено светло пред Силекс за настап во квалификациите за Конференциската лига, ќе го пречека белорускиот Торпедо Белаз на 17 јули од 18:00 часот. Истовремено, Силекс, кој своите натпревари ќе ги игра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, истиот ден ќе излезе на мегдан со црногорскиот Дечиќ во термин од 19:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал има шанса да купи фудбалер на ПСЖ за 90 милиони евра

Арсенал, Реал Мадрид и Манчестер сити имаат голема шанса да го ангажираат играчот кој би м…