Дома Останати Тенис Швајцарците пишуваат: Ѓоковиќ од херој до предавник и слуга

Швајцарците пишуваат: Ѓоковиќ од херој до предавник и слуга

Новак Ѓоковиќ во Србија е славен како национален херој, а потоа еден израз на поддршка за студентските протести го стави под удар на режимските медиуми и властите, иако претседателот Александар Вучиќ е воздржан поради неговата популарност.

Ова го пишува швајцарскиот дневен весник „Тагесанцајгер“ (Tagesanzeiger) во текстот за најдобриот тенисер во историјата и актуелните настани во Србија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Режимските медиуми во Србија тврдат дека претседателот Александар Вучиќ е од сите страни окружен со непријатели, а последниот од тие непријатели е Новак Ѓоковиќ. Веќе неколку недели Ѓоковиќ, ѕвезда на тенисот, стана мета на кампањата за омаловажување од тие медиуми.

Години наназад беше славен како национален херој, одликуван со бројни национални одликувања и славен како најголем амбасадор и патриот на Србија од битката против Турците на Косово во 1389 година. Но сега, националната икона во српските медиуми се претставува како национален предавник“, пишува весникот.

Иако Ѓоковиќ не го критикуваше директно претседателот Александар Вучиќ, неговата поддршка за студентските протести беше доволен причина медиумите во Србија да не известуваат повеќе за неговите успеси и да го „игнорираат“, пишува „Тагесанцајгер„.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…